Kлиниката ги обезбедува следниве услуги:
- Горна дигестивна ендоскопија, дуоденоскопија
- Горна ендоскопска биопсија, полипектомија
- Ендоскопска хемостаза на горно дигестивни крвавења, и тоа како вариксни (со лигација и склеротерапија со хистоакрил), така и невариксни
- Ендоскопска екстракција на туѓи тела
- Вметнување на перкутана ендоскопска гастростома (ПЕГ)
- Сигмоидоскопија и колоноскопија
- Долна ендоскопска биопсија, полипектомија
- Лигатура на пациенти со хемороидно крвавење
- Амбулаторна 24 часовна рН-метрија
- Примена на ентерална и парентерална исхрана
- Ултразвук (УЗ) на абдоминалните органи
- Дуплекс и колор доплер УЗ на абдоминални крвни садови
- Ултразвучно наведувану абдоминални биопсии
- Дренажни процедури за различни течни колекции во абдоминалните органи / празнина
- Билијарни дренажни процедури
- Билиогастростомија, цистогастростомија со примена на ендопротези под контрола на УЗ.
- Ултразвучно наведувана перкутана инјекциска терапија со етанол (USPEIT) на малигни тумори