Користете едно од наведените упатства како подготовка за колоноскопија:

Препорачани диети при гастроинтерохепатолошки болести

Безглутеинска диета

ДОЗВОЛЕНО: 

Месо: свинско, јагнешко, телешко, пилешко, мисирка, патка, фазан. Начин на подготовка: варено, сушено пржено, печено.

Риба: Дозволени се сите видови риби и школки.

Дозволени производи од месо: сите видови на домашни производи, без несакани состојки, подготвени од страна на самите себеси (шунка, сланина, колбаси, итн …).

Зеленчук: сите видови на зеленчук. Користењето на индустриски конзервиран зеленчук не е сигурно поради примената на стабилизатори и емулгатори, кои се главно по потекло и на база на скроб. Одтаму дозволено е да се користи лично конзервиран зеленчук каде во производството се додаваат сигурни конзерванси кои не содржат глутен.

Овошје: сите видови свежо овошје. Употребата на зашеќерено овошје е дозволено, само доколку тоа е проверено и се подготвува со кандирање со примена индустриски кристален шеќер. Во одредени постапки производителот може да користи производи од пченично брашно (во тек на процесот на сушење, на стаклената амбалажа…) при приготвување на зашеќереното овошје. Обрнете внимание при примена на суви сливи и суви смокви (кои најчесто се приготвуваат со предходно забрашнување).

Понекогаш за кандирање се користи индустриски произведен шеќер во прав, што не е дозволено бидејќи во него има 5% пченичен скроб за да се спречи стврднување на шеќерот. Од домашните овошни намирници, дозволени се овошни сокови, пире, џем, мармалад, компоти и слатко овошје од сите видови со докажан конзерванс. Во моментов, во нашата земја тешко е да се утврди составот на адитивите и нивното потекло. Поради оваа причина за сите од горенаведените производи за сега најдобро е да се користат приготвени во домашна режија.

Јајца

Зрна и семиња: ореви, семки од сончоглед, семки од тиква, бадеми, лешници, сусам, леблебија, кикирики (по можност печени во проверени печки), ф’стаци, желади, костени, сенф, афион, шафран, семе од луцерка и кокос. Во индустрискиот процес на печење на овие плодови, брашното често се користи за да се обезбеди прилепување на овие производи.

Соја е дозволено, но да не се користи соја сос (може да содржи јачмен).

Млеко: кога не сте лактоза нетолерантни, можете да користите млеко, јогурт, кисело млеко. Не користете индустриски приготвени овошни јогурти, освен ако немаат декларација за безглутенски.

Сирења: кравјо, козјо и овчо, старо или младо, доколку тие се подготвени од природно сириште. Не се дозволени ако се направени со додавање на дестилиран бел оцет. Дозволени се типовите на Ајдамер, Пармезан, Моцарела и Чедар. Индустриските кремови или пастеризирани сирења само доколку се направени од контролирани состојките, може да се користат. Не користете сирења со конзерванси и ваков кашкавал.

Замена за млеко: ориз, соја, компир, кокосово млеко.

Масла: сончогледово масло, маслиново и пченкарно.

Оцет: јаболков, овошен, вински и пченкарен без адитиви. Не е дозволен дестилиран бел оцет (што е по потекло од пченица).

Кафе: свежо мелено кафе. Често, во процесот на производство на кафе, се додава и јачмен. Инстант кафе и кафето со засилувче на арома може да содржат адитиви од пченица исто така.

Какао: чисто какао е дозволено без адитиви. Варено какаоо обработено со алкалии, не е дозволено.

Супа: сите форми на домашно приготвена супа се дозволени. Не е дозволена примена на индустриски, ресторански, конзервирана супи и чорби во форма на коцки или во прав.

Сладолед: дозволен е доколку е приотвен во домашни услови без несакани додатоци. Да не се користи индустриски, од вендинг машини и без докажан состав, освен доколку е деклариран дека е без глутен.

Слатки: не се употребуваат никакви индустриски приготвени бонбони, колачи, торти, крем, чоколада, тврд карамел, локум, освен ако не се декларирани дека не содржат глутен и дека се без алергени. 

Шеќер: Кристален шеќер, мед, природен кафеав шеќер, фруктоза е исто така дозволена. Белиот шеќер може да се карамелизира (бојата на карамелата може да содржи јачменов слад). Индустрискиот шеќер во прав може да содржи 5% пченичен скроб за да се спречи колагенизација.

Прашок за пециво, квасец, маргарин: дозволена е примена на строго проверени прашок за пециво, квасец и маргарин. Бидете внимателни за составот во сите овие производи.

Брашно: тоа е дозволено доколку е пченкарано жолто и бело брашно, пченкарно брашно, бело оризово брашно, кафеаво оризово брашно, сладко оризово брашно и ориз, сојино брашно, брашно од компир и компиров скроб, наут, костеново брашно, сорго брашно, бадемово и од лешници.

Сите горенаведени брашна се дозволени, доколку суровините којашто се користат за нивна подготовка не се чуваат во исти силоси каде се чуваат пченицата и каде што се бланшира пченицата, јачмен, ‘рж и овес.

Што не е дозволено во исхраната без глутен?

Житни култури: пченица, ‘рж, јачмен, овес, кускус.

Производи од погоренаведените житни брашна, скроб, жито, никулците, трошки од леб, трици, целулоза, слад, слад во прав, сируп, желатин, витамини.

Индустриски производи: конзерванси, адитиви, бои, емулгатори …

Тие не се дозволени и во состав на други производи: тестенини, макарони, шпагети, ориз во микс, житарици, кари во прав, бел бибер, сосови, сенф, кечап, ванила во прав, ванилин шеќер, најголемиот број на мастики за џвакање, сосови за салати, готови јадења , бела алва, шеќер во прав, пудинг, квасец, прашок за пециво, креми.

Производи од месо: не се дозволени сите индустриски производи. Дури и месо од Турција е технички обработено со хидролизиран растителен протеин. Индустриски производи од риба (во тестенини, стекови, хамбургери, ќебапи, со конзервиран зеленчук), како и слични производи од школки. Салами, особено паризер, итн.

Во речиси сите горенаведени производи, во производниот процес се користат скроб и други адитиви. Поради неможноста за утврдување на потеклото на скроб чие потекло не е декларирано, не се советуваат.

Што е без глутен?

Биотин, бета-каротин, калциум фосфат, калциум хлорид, пантотенат, карбоксиметил целулоза, acidum citricum (лимонска киселина), декстроза, sulfosuccinate, фолна киселина, фруктоза, лактоза, лецитин, магнезиум хидроксид, микрокристална целулоза, моноглицериди, диглицериди, полиглицериди, полисорбат, калиум цитрат, калиум јодид, пропилен гликол, моностеарат, propigalat, piridoksinhidrohlorid, аскорбинска киселина (витамин Ц), натриум бензоат, натриум казеинат, натриум цитрат, натриум, сахароза, sulfosuccinate, винска киселина, тиамин хидрохлорид, tricalciumphosphate, витамин А, рибофлавин, natrijumpiridofosfat, гуми (акација, трагакант, гума арабика, рогач, целулоза, ксантин).

Скриен глутен

Кога вашиот лекар ви вели, во тој момент не може ни да замислите како тоа звучи едноставно, но всушност е многу комплицирано. Глутенот не е само во пченицата, и не само лебот и бисквитите се во прашање. Глутенот е скриен насекаде, и не се нарекува глутен, туку под различни имиња и симболи, па дури и во производи каде не се споменува, како на пример,

  • Бомбони
  • Боја на карамела
  • Декстрин

Помфрит – Помфрит од свеж компир направен во домот или ресторан во режија кога се пече во чисто масло е безбеден. Но, каде пржењето компири со користење на истито масло како за пржење на панирани производи (похована риба, пилешко, итн) не се препорачува. Кога е замрзнат, треба да се земе во предвид, бидејќи се користат состојки кои можат да бидат од пченично потекло за да се спречи промена на бојата на помфритот.

Хидролизирани растителни протеини (hvp) или (hpp)

Тие најчесто се наоѓаат во конзервирани производи, колбаси, виршли. И тие можат да бидат адитиви. Во декларацијата не пишува како овој протеин е направен (соја, пченка, ориз, кикирики, или казеин од млеко или пченица). Не користете ги овие производи.

Имитација на морска храна

Иако имитацијата на морска храна почнува со вистински рибин производ, на истите се додава скроб-поврзувач, што може да биде пченкарен скроб, компиров скроб, тапиока, или пченица. Прочитајте ја декларацијата пред да ги купите овие производи.

Лекови

Повеќето производителни за полнење на таблетите и изработка на капсули (на пр. носители), користат пченкарен скроб, лактоза, но може да биде и од пченица. Сирупите, исто така може да содржат супстанции на база на пченица (алкохол, витамини чија база претставуваат пченичните ензими …)

Слад

Слад е широко распространет како засладувач, и може да се направи од пченка, пченица или јачмен. Главно од јачмен.

Модифициран скроб

Се наоѓа на речиси сите декларации за супа а може да се направи од пченка, тапиока, скроб од компир, кои се сите безбедни, но за жал најчесто е приготвен од пченица. Тоа е најчест и најевтин начин да се згуснат производите.

Чај

Чаевите се на листата на дозволени и треба да се избегнуваат ароматизираните  чаеви.

Контаминација

Ако сте претпазливи со вашата диета и не мислите дека внесувате глутен, но сепак чувствувате симптоми, дали може да бидат причина за тоа контаминацијата?

Постојат многу извори каде што може да има контаминација:

Ако купувате во продавница за здрава храна, се случува да се користат истите ножеви за глутен и без глутен.

Брашно без глутен може да се пакува преку ист линија за пакување како за производи од брашно или глутен.

Белото пченкарно брашно, леќата и други зрна кои се дозволени во исхраната на пациентите и не содржат глутен, може да се бланширана во иста фабрика, или мелница каде се обработува пченица што треба да бидат строго земено во предвид.

Честите извори на контаминација се силосите во кои се складира пченица, проследено со пченка, како и резервоари за транспорт од силосите до мелници.

На сите странски чоколади, еурокрем, итн., на дното на декларацијата може да се прочита “во овој производ може да се најдат траги од пченица или глутен”. На нашите чоколади, ова често го нема и може да содржат траги од глутен и затоа треба да се избегнуваат.

Во вашата сопствена кујна треба да се обрне внимание на тостерот, пепелниците, кутиите за торта, колачи, вафли, каде може да заостанат трошки. Садовите за подготовка на храна мора да се посебни. Додатоците во исхраната мора да се одделат. Храната што се употребува во храната без глутен мора да биде посебно складирана.

Ако купувате безглутенски бисквити со џем во продавница за здрава храна, бисквитот може да е без глутен, но мармаладот и џемот е прашање дали содржат глутен.

Диета кај синдром на иритабилно црево

ОПШТИ ПРАВИЛА: исхрана со мало количество на целулозни влакна, исхрана со нормално количество на масти и јаглени хидрати.

ДОЗВОЛЕНО: 

МЕСО:  сите видови месо и риба

ЈАЈЦА

МЛЕКО  и кисели млечни производи (кефир, матеница, кисело млеко, сирења).

МАСТИ: како путер, маргарин, зејтин.

ШЕЌЕРИ во вид на мед, слатка, мармалад, колачи

ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК во вид на сокови и пиреа

ЛЕБ во вид на бел леб, двопек, бисквити, макарони и пити

ЗАБРАНЕТО:

храна со поголемо количество на целулоза (сирово овошје со лушпа, црн леб)

зеленчук: краставици, легуминози – грав, грашак, боранија

патлиџан, пиперки, тиква

тврдо и жилаво месо

алкохол

Диета кај стеатоза

ОПШТИ ПРИНЦИПИ: Исхрана богата со протеини, исхрана богата со јалени хидрати, исхрана со умерен внес на масти

ДОЗВОЛЕНО:

ЛЕБ: црн леб, препечен, сите видови тестенини (освен масни пити), ориз, гриз.

МЕСО: сите видови посно младо месо и риба.

ЈАЈЦЕ: белка од јајце, жолчка не почесто од еднаш неделно

МЛЕКО: посно млеко, кисело млеко, посни несолени сирења, несолена урда.

ЗЕЛЕНЧУК: сите видови лиснат зеленчук и помалку компир.

ОВОШЈЕ: сите видови овошје и овошни сокови.

МАСТИ: зејтин по можност маслинов и путер ретко и умерено.

ШЕЌЕР: во умерени количини, слатки, мармалад, мед.

НАПИВКИ: слаб чај, слабо кафе, овошни сокови.

ЗАЧИНИ: умерено

ЗАБРАНЕТО:

  • Свинско, прасечко месо, јагнешко, овчо и јарешко месо
  • Пикантна и запржена храна
  • Масна и пржена храна
  • Легуминози (грав, грашок, боранија и соја)
  • Чоколада
  • Внатрешници
  • Алкохол
  • Масно овошје (ореви, бадеми, кикирики…)
  • Конзервиран зеленчук

БРОЈ НА ОБРОЦИ: по можност 6-8

КУЛИНАРСКА ОБРАБОТКА: варено, варено во водена бања и на пареа, печено – по можност без додатоци на зејтин и маснотии воопшто.

Диета кај улцерозен колитис и кронова болест

ОПШТИ ПРАВИЛА: Високо калорична храна богата со протеини и витамини, составена од намирници со мало количество на сварени моркови.

ДОЗВОЛЕНО:

Млеко:  млеко и млечни производи, јајца (доколку се поднесуваат)

Месо:  младо месо (пилешко, телешко), не масна и пресна риба и мрсни меса и сувомеснати.

Леб:  бел леб, црн леб, двопек, гриз, ориз.

Овошје:  во вид на овошн сокови, овошни желеа, пасирани компоти, рендано јаболко, дуњи, дренки, боровинки, јагоди, малини.

Зеленчук:  Во вид на пире, (компири, моркови, карфиол, тиквички), во вид на сокови (патлиџан, зелка).

Напивки:

ЗАБРАНЕТО:

  • намирници кои создаваат гасови, зелка, кељ, лук, кромид, праз, краставица, грашок, грав
  • намирници кои индивидуално не се поднесуваат
  • алкохол
  • тврдо месо, месо со жили, пржена храна

БРОЈ НА ОБРОЦИ: 4 – 5 по можност

КУЛИНАРСКА ОБРАБОТКА: варење, приготвување на пареа или водена бања, скара без дополнително замастување, пасирање, рендање, приготвување пресни сокови.

СОЛ:  умерено (до 10 грама на ден)

НАПОМЕНА: Строгите забрани важат само за активните фази на егзацербација на болеста, додека вон тоа внесот на прехрамбени продукти е строго индивидуален согласно личната подносливост на пациентите.

Диета кај хијатална хернија

ОПШТИ ПРИНЦИПИ: Исхрана со белковини, умерен внес на јагленохидрати и сиромашно со масти.

ДОЗВОЛЕНО:

Обарено, слатко, јогурт, кисело млеко, младо сирење, урда

МЕСО: сите видови на немасни меса и риба.

ЈАЈЦА: до три пати неделно.

ЖИТАРИЦИ: леб, ориз, компир.

ОВОШЈЕ: сите видови овошје.

ЗЕЛЕНЧУК: сите видови.

НАПИВКИ: овошни сокови (кои не се многу кисели), чаеви.

СЛАТКИ: компот, овошни желеа, не многу масни кремови и слатки.

ЗАБРАНЕТО:

Полномасно млеко, топени сирења, кајмак, мајонез, масни меса и масна риба, многу слатки овошја (урма, суви овошја), масни овошја (ореви, бадеми), зеленчук со груби жили и тврда лушпа (праз, кељ, зелка), алкохол, тутун, продукти на база на пеперминт – од зачини нане (menta piperacea), мастики воопшто и бомбони на база на пепрминт, концентрирани слатки и чоколада.

ПРЕПОРАКИ:

После јадењето да не се легнува, туку малку да се прошета. Вечерата да не е никогаш непосредно пред спиење, да се спие на нешто повисоко на покачена перница. Да се избегнуваат груби храни и храна која што ја дразни слузницата (премногу зачинети и кисели јадења).

ПРИПРЕМАЊЕ НА ХРАНА:

Варено, печено (не се советува пржена и похована храна).

БРОЈ НА ОБРОЦИ: 4 – 5 помали оброци.

Исхрана кај хроничен панкреатитис

Основни принципи: исхрана богата со белковини, нормално количество на шеќери и намален внес на масти

Дозволена храна:

Mлеко и млечни продукти: сите видови обезмастено млеко, јогурт и кравјо кисело млеко, немасни сирења и урда

Месо: сите видови немасни меса и риба (од живина – пилешко, гускино, ќуркино, телешко)

Јајца: дозволено белка од јајце

Зеленчук: сите видови зеленчук (приготвен без лушпа во вид на пиреа, варива, сокови)

Масти: растителни масти (зејтин, маргарин за приготвување на храна во мало количество)

Леб: бел леб, црн леб, компир, ориз, двопек.

Забранети храни:

  • полномасно млеко, масни топени сирења
  • сите масни меса, месо со жили
  • жолчка од јајце
  • масни овошја (ореви, бадеми, лешници, фстаци) и многу слатки овошја (урма и смокви)
  • груби зеленчуци кои подувуваат (зелка, праз и грав)
  • мајонези, премногу зачинета храна, храна која е приготвувана како пржена, похована.

Кулинарска обработка: Се препорачува приготвување на пареа, варено, печено, со умерен додаток на зачини, 4-5 оброци на ден, во помали количества, добро изџвакана храна, не премногу топла ниту студена.

АБСОЛУТНА ЗАБРАНА ЗА АЛКОХОЛ

Исхрана кај црно дробна прекома и кома

Кога се констатира прекома со зголемен амонизам и фенол во крвниот серум (биохемиска кома) белковините во храната се намалуваат на неповеќе од 40 гр дневно, главно во форма на млеко и млечни производи. Со поправка на клиничката слика и хиперамониемијата, односно фенолемијата, внесот се зголемува до 50 гр дневно. Мастите е добро да се ограничат за подолго време.

Ако настапи кома се даваат и.в. зголемени количини на гликоза/ 300 – 400 гр. чиста гликоза дневно или 10% гликоза.

Исхраната преку уста се состои во давање на течности (засладен чај, сокови и др.) преку назогастрична сонда или назојејунална сонда кога е засегнат актот на голтање. Во овој период се избегнуваат белковини и масти.

Исхрана на болни со жолчни калкули

ГЛАВНИ ПРИНЦИПИ:

Да нема прејадување и масно приготвена храна. Штетни храни се сите оние кои содржат голема количина на холестерол (мозок и внатрешници, жолчка од јајце, масни меса, масни риби, презли, грав и легуминози генерално). Мајонези, зачинета храна, спанаќ, расол, многу студени напитоци, сладолед и алкохол.

ДОЗВОЛЕНА ХРАНА:

Леб, млеко и сите видови млечни производи, кравјо сирење, урда (подобро е да се применуваат во варена форма), ориз, компир, (пире најдобро), мед, слатки од секаков вид, овошни сокови. Сите видови овошје и зеленчук. Земање храна богата со витамин Ц. Пожелно е храната да се зема топла и во умерена количина. Од масти се дозволува зејтин и маслинов зејтин (како на примет во натурални видови на салата).

Исхрана на болни со опериран желудник

ДОЗВОЛЕНО:

Белковини (месо, сирење, риба, јајце)

Масти во нормално количество

Намален внес на шеќери во исхраната

ЗАБРАНЕТО:

Крупно зрнеста храна

Поголемо количество на храна, односно количински волуминозни и преобилни оброци

Забранета е употреба на течности за време на оброците. Се советува нивна консумација помеѓу оброците и тоа течности со намалено количество на шеќери.

Забранета е концентрирана храна: густи сокови, овошни сирупи, различни слатки напивки, јаки супи или чорби.

ПРЕПОРАКА:

Да се внесуваат 6 – 8 оброци на ден (во помало количество)

Се препорачува одмор по јадење, односно после секој оброк.

Исхрана на болни со хроничен хепатитис

Општи принципи:

Внес на храна со нормални количини на белковини и јагленохидрати, а посиромашна со масти (особено од животинско потекло), богата со витамини, помалку сол, а никако конзерви и пикантна храна.

Недозволена храна:

Храна која содржи поголеми количини на холестерол: мозок, жолчка од јајце, крезли, бубрези и внатрешници, мрсна риба и сирење, грав, конзерви, спанаќ, црни патлиџани, лук и лута храна воопшто, солено и кисела храна.

Алкохол во која било форма.

Дозволена храна:

Млеко, урда особено сирутка, сирење, немасно месо (телешко, пилешко, говедско и јагнешко) немасни риби, белка од јајце, сите видови зеленчук (компир, моркови, сладок пипер, домати, млади краставици), овошје од секаков вид (малини, јагоди, портокали, јаболки) грозје и др.

Бел леб, бисквити, сахарин, пчелин мед и слатка и мармелади.

Исхрана на болниот со хроничен улкус на желудникот и дванаесетпалечното црево

ОПШТИ ПРИНЦИПИ:

  1. Употреба на секаков вид алкохол, никотин (пушење), тешка храна и пресен леб (и слични лебни продукти со пресен квасец) се забранети.
  2. Оброците при исхраната треба да се чести и мали, најдобро да се зема храна секои 3-4 часа.
  3. При јадењето треба да се јаде полека и добро да се џвака, забалото да биде уредно и правилно лекувано.

Која храна треба да се избегнува:

Храната приготвена со животински масти или лој, особено жешка или пржена маст и масни сосови, секаква пикантна храна, како зачинета така и лута, прекисела и пресолена. Екстракти од меса, конзервирани риби, колбаси, јака супа или бујони со зачини, печења, гулаши, бубрези, црн дроб, паштета и сланина. Зеленчук што подува како: грав, зелка, леќа, пасиран грашок и стара боранија. Масни колачи, мед, црно кафе, пунчеви, особено јаки чаеви и др.

Храна која се дозволува:

Млеко (пастеризирано) варено, кисело млеко, јогурт, ќефир, путер, сурутка, кајмак, несолено сирење, јајце (разматено или обарено). Минералната вода без јаглероен диоксид (CO2), кисела храна, не многу засладена, овошни сокови, компоти и пудинг.

Како да се постави менито:

Доручек: млеко или кафе, двопек (препечен леб) со доста путер.

Ужина (во 9 часот): меко обарено јајце, млеко или јогурт и леб со путер.

Ручек: супа или бујон или слузова супа, посно месо – телешко, говедско или пилешко, варено или без маснотии.

Зеленчук: компири само во форма на пире или варени (ниту пржени ниту печени), теста и варен гриз, моркови, домати, келераба и спанаќ.

Овошје: овошје како компот, желе или сурово, и тоа јаболко, праска, банана, зрела јагода. Препорачливо е да се избегнува кајсија, цреша, капина, ореви и бадеми.

Десерт: сокови, пудинг (од ванила со млеко), кремови со кајмак.

Пијалоци: млеко, јогурт, минерална вода (алкална), овошни сокови.

Ужина (во 18 часот): исто што и за појадок.

Вечера: исто што и за ручек или можна е замена со меко обарено јајце и несолено сирење.

Пред легнување (во 21-22 часот): шоља млеко.