Introduction

Универзитетската клиниката за гастроентерохепатологија е единствена институција од овој тип во Република Македонија, која обезбедува неопходна здравствена заштита во областа на гастроентерологијата и хепатологијата за повеќе од два милиони жители.

Основана во 1946 година како оддел во рамки на предходно формираната Клиника за интерна медицина. Одделот за гастроентериологија и хепатологија стана независна Клиника во 1976 година.

Главните области на експертиза се, ефективна дијагноза и третман на гастроинтестиналните и хепатолошки нарушувања, состојби и аболувања, и тоа како за внатрешни (хоспитализирани), така и за надворешни (амбулантски) пациенти. Околу 20 илјади пациенти минуваат низ работните единици на Клиниката секоја година. Така во период од јануари 2013 до јануари 2016 година, според податоците од системот “Мој термин”, на Клиниката за гастроентерологија и хепатологија, реализирани се повеќе од 53 000 амбулантски прегледи.

Благодарејќи на вака широкиот спектар на процедури, годишно на клиниката се реализираат во просек околу 10 000 ултразвучни прегледи, повеќе од 5000 гастроскопии, преку 2000 сигмоидоскопии и колоноскопии. Бројот на интервентни сонографски процедури под ултразвучна контрола (биопсии, дренажи, апликација на перкутани ендопротези) се приближува до 1200, а бројот на интервентни ендоскопски процедури под флуороскопска контрола – ERCP и интервенции на храновод  во смисла на третман на пациенти со стенози и ахалазија со техниките на бужирање и балон дилатација, иснесува околу 570-620.