Директорот на Клиниката за гастроентерохепатологија, проф. д-р Калина Гривчева Старделова заедно со колегите Стефан Пејковски, Ѓорѓи Јаневски, Филип Николов, Миа Русоманова, Анче Волкановска и Грегор Крстевски и економскиот директор Мухамед Алиу учествуваа во крводарителската акција која ја организираше Министерството за здравство и Институтот за трансфузиона медицина, по повод одбележување на Светскиот ден на здравјето – 7 Април во просториите на Чифте Амам, во Стара чаршија.

Оваа година Светски ден на здравјето, 7-ми април 2022 година се одбележува под мотото „Наша планета, наше здравје“, со цел да се потенцира важноста на здравата животната средина,  односно чистиот воздух, вода и храна за колективното здравје.

Најголемите проблеми во светот се лошото здравје и прераната смрт предизвикана од биолошки агенси во човековата средина во водата, храната, воздухот и почвата. Тие придонесуваат за прерана смрт на милиони луѓе, главно доенчиња и деца, како и за лошо здравје или инвалидитет на уште стотици милиони.