Една од примарните задачи ќе ми биде подобрување на клиничките стандарди со што ќе се унапреди превенцијата, лекувањето и грижата за нашите пациенти со гастроинтерохепатолошки болести. Оваа цел ќе се реализира преку подобрување на условите на Клиниката и осовременување на опремата, како и обезбедување на едукација на вработените и поддршка на истражувањата.

Преку ефикасна и проширена организација ќе ја унапредиме гастроентеролошката заштита. За таа цел, ќе соработуваме со здравствените работници, со нашите пациенти и јавноста и тесно ќе соработуваме со институциите на системот и научниците и стручните здруженија во и вон Македонија.

Како важна алка во здравствениот систем, Клиниката за гастроентерохепатологија ќе промовира еднакви можности за сите пациенти, без разлика на полот, возраста и националноста.

 

Директор на Клиника
Доц. Др Калина Гривчева Старделова