Уреа издишниот тест (УИТ) спаѓа во групата на неинвазивни тестови за докажување на инфекција со Helicobacter pylori. Се заснова на способноста на бактеријата Helicobacter pylori за хидорлиза на уреата до CO2 и амонијак. За оваа цел се применува изотоп на јаглеродот кој се дава орално, по чие ослободување во форма на CO2, може да се регистрира во издишаните примероци воздух.
Универзитетската клиника за ГЕХ располага со 13C (јаглерод 13), нерадиоактивен тест. Сензитивноста и специфичноста на овој УИТ изнесува отприлика 95 – 100 %, соодветно. Од таму лажно позитивните резултати се многу ретки, а лажно негативните резултати може да се регистрираат при несоодветна примена на тестот.
Со цел да се намалат лажно позитивните резултати треба да се почитува следново:
Да не се земаат антибиотици по било која индикација во период од најмалку 4 недели пред правење на тестот.
Да не се применуваат кај пациентите кај кои се планира тестот, инхибитори на протонска пумпа (ИПП) и бизмут препарати најмалку две недели пред правење на тестот. Терпијата со Х2 рецепторни антагонисти не е пречка за правење на тестот.
Кај хоспитални болни со ГИТ крвавење (главно улкусно крвавење), тестот може да се прави по прекинување на крвавењето, односно кога пациентот ќе се врати на орален внес на храна, под услов да не е поставен на терапија со ИПП.

Post_2_DSC02502
Post_2_DSC02503
Индикации за примена на овој тест за докажување на инфекција со Helicobacter pylori се следниве:
Пептична улкусна болест, односно пациенти со улкус на желудник и дуоденум,
Пациенти со докажан MALT лимфом,
Пациенти со мината историја за улкусна болест потврдена ендоскопски,
Пациенти на долготрајна терапија со ИПП, како оние со тешки форми на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) или пациенти на долготрајна терапија со антиревматици по било која индикација,
Пациенти со функционална диспепсија,
Пациенти кои пред тестот се оперативно лекувани заради карцином на желудник кај кои е заостанат дел од желудникот,
Асимптоматски пациенти со високопозитивна (кај повеќе членови во семејството) фамилијарна анаменза за карцином на желудник,
Пациенти со имунолошки посредувана тромбоцитопенија,
Пациенти со железо недостаточна анемија која не може да се објасни на поинаков начин,
Пациенти со мегалобластна анемија што не може да се објасни на никаков поинаков начин
Предност во однос на сите предходни имаат пациенти кај кои треба да се направи контрола на успешноста од предходна примена на терапија за ерадикација на Helicobacter pylori инфекција, кога истата е ординирана врз основа на предходен позитивен серумски (серолошки) тест или антиген тест во фецес за Helicobacter pylori.
Нема контраиндикации за примена на овој тест за докажување на инфекција со Helicobacter pylori, кај бремени жени, доилки, деца и постари лица. Важно е пациентот да биде советуван на денот на спроведување на тестот да биде гладен од утрото и да не внесува течности на уста најмалку 2 часа пред правење на тесто