Ендоскопската капсула претставува неинвазивна дијагностичка процедура која служи за ендоскопска евалуација на тенките црева.
Истата технички се состои од мала капсула со димензии од 26 х 11mm која се голта од страна на пациентот и во себе содржи ситна камера и извор на светло. Камерата патувајќи низ дигестивната туба реализираат многубројни слики (две за една секунда). Остварените слики преку ресивери (антени) кои се прицврстени на кожата на телото на пациентот се пренесуваат преку безжичен (wireless) пат до снимач (рекордер) кој исто така е фиксиран за телото на пациентот. Снимениот материал од рекордерот потоа се пренесува и се анализира со посебен софтверски програм.
Оваа техника најчесто се користи за дијагностицирање и уточнување на извор на гастроинтестинално крвавење кое после стандардни ендоскопски процедури (гастроскопија и колоноскопија) не може да се детектира.

Post_5_100_2643
Post_5_100_2644
Ендоскопскат капсула исто така се користи за дијагностицирање и на други болести и патолошки состојби на тенкото црево како што се Крон-овата болест, тенкоцревни тумори, целијакиа, полипи на тенкото црево вклучително и наследни полипозни синдроми како и кај железо дефицитна анемија од неразјаснето потекло.
Оваа дијагностичка процедура е многу безбедна. Единствена компликација представува можна ретенција (заостанување) на капсулата во дигестивниот тракт, која е многу ретка и може да се избегне со соодведна селекција на пациентите на кои се изведува оваа процедура.
Ендоскопската капсула како нова метода за прв пат на нашата Клиника е воведена во месец Јуни 2012 година. Досега на нашата клиника успешно се реализирани околу 30-тина прегледи.